Кизиќ и Костески за прва мундијалска радост

wch2019championship.com.mk

Откако на стартот од СП загуби со 20:23 од Аргентина, во второто коло од групната фаза на Светското кадетско првенство Македонија триумфираше над Нигерија (37:34).

После неочекуваниот пораз од Аргентина, беше зголемен притисокот врз македонските ракометари и им беше потребна победа. Стартуваа со неколку грешки, но благодарение на добрите перформанси во одбраната стекнаа водство од 7:3 после 10 минути игра.

И натаму одржуваа четири голови разлика, но после неколку нереализирани напади, му се дозволи на африканскиот претставник да израмни на 13:13 на шест минути до крајот првиот дел.

Нигерија беше „тврд орев“, не дозволуваше така лесно да биде надиграна, водеше рамноправна битка и во вториот дел стигна до нов егал (25:25). На 10 минути до крајот на мечот домаќинот повторно се одлепи на „плус два“, иако противникот и натаму беше блиску резултатски. Клучни беа одбраните на Кизиќ и погодоците на Костески (прогласен за МВП) за прва мундијалска радост. Кај стрелците најефикасен беше токму Костески со 13 голови, а три помалку запиша Серафимов.

На трибините во СЦ „Борис Трајковски“ како поддршка за ракометните надежи беше и еден од најдобрите македонски ракометари, Кирил Лазаров. Наредниот трет мундијалски меч „црвено-жолтите“ во рамките од групата Ц ќе го имаат в петок од 20.30 часот против Бахреин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот