Кадетите со лош старт на Мундијалот – Слободен печат
РакометСпорт

Кадетите со лош старт на Мундијалот

Денеска македонската кадетска репрезентација на Македонија го започна со пораз настапот на Мундијалот кој се организира во Скопје.

Кадетите предводени од селекторот Данило Брестовац имаа пред своите гледачи во СЦ „Борис Трајковски“ ја имаа фаворитската улога, на крајот истата не ја оправдаа.

„Црвено-жолтите“ претрпеа пораз од селекцијата на Аргентина со конечен резултат 20:23, иако после првото полувреме водеа со четири голови разлика (13:9).

Доминираа нашите ракометари во првите 10 минути од второто полувреме, предноста достигна и плус пет (16:11), но во продолжението целосно падна концентрацијата и му се дозволи на противникот да направи серија голови, на 12 минути до крајот на мечот беше 16:16.

wch2019championship.com.mk/

Конечно погодуваме после долга пауза, и тоа од седум метри со голот на Мартин Серафимов, за враќање на водството. Не успеваме да се одлепиме со оглед дека Аргентина врати со два гола во серија и поведе со 17:18 на седум минути пред крајот.

Не се откажаа избраниците на Брестовац, ја враќаат серијата на Аргентинците, па во 24 минута од мечот ние имаме минимално водство од 19:18. Во последните три минути од мечот се влезе со нерешени 20:20. Аргентина подобро се снајде во финишот, постигна три гола, додека Македонија ниту еден, за конечни 20:23.

Голманот Кизиќ имаше девет одбрани, а шестпати во листата на стрелците се запиша Костески. Шанса за поправен во рамките од групата Ц нашите ракометари ќе ја имаат в четврток од 20.30 часот против Нигерија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close