Работници во Германија / Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Кинеските автомобили се најпродавани во светот

Кинеските производители на автомобили ги престигнаа јапонските конкуренти во вкупната глобална продажба на возила во 2025 година, заземајќи ја водечката позиција во светот за прв пат, објавија јапонските медиуми. Според јапонскиот бизнис весник Nikkei, вкупната продажба на јапонските автомобилски компании малку се намали на околу 25 милиони возила, што доведе до тоа Јапонија да ја изгуби својата долгогодишна водечка позиција за прв пат од 2000 година. Во исто време, кинеските производители достигнаа приближно 27 милиони продадени единици на глобално ниво.

Податоците се базираат на извештаи од водечки компании и анализа од платформата за автомобилски податоци MarkLines, објави Xinhua. Меѓу индивидуалните производители, кинескиот BYD го престигна американскиот Ford и го зазеде шестото место на глобалната листа, додека Gelly ја престигна јапонската Honda и се искачи на осмото место. Вкупно шест кинески компании се меѓу 20-те најголеми производители на автомобили во светот, вклучувајќи ги Chery, Changan, SAIC и Great Wall, додека Јапонија има пет претставници на таа листа. Во сегментот на електрични возила, BYD ја престигна и Tesla и стана најголем продавач на електрични автомобили во светот.

Танг Џин, виш истражувач во јапонската банка Мизухо и експерт за автомобилскиот сектор, истакна дека искачувањето на Кина на врвот е повеќе од едноставна промена во рангирањето. Ова, рече тој, укажува на подлабоки промени во глобалната автомобилска индустрија, при што конкурентноста на кинеските производители расте врз основа на технолошки иновации, пониски трошоци за производство и побрз развој на нови модели. Во исто време, додаде тој, јапонските компании ќе треба да ги прилагодат стратегиите, особено во областите на електрификација и перформанси на клучните глобални пазари, за да одговорат на зголемената конкуренција- пренесе Политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот