Кинески хакери нападнаа германски фармацевтски гигант

Фармацевтската групација „Баер“ од Леверкузен се најде на удар на хакери од Кина, а се претпоставува дека групата дејствувала по налог на кинеската влада, објавија денеска германските медиуми.

„Нашиот центар за сајбер безбедност уште од почетокот на 2018 регистрираше занаци на активност на хакерската група Винти и започна со детални анализи“, стои во соопштението на „Баер“.

Во трага на хакерската група Винти, која според германските безбедносни служби и ИТ-експерти, работи по налог на кинеските власти, влегле група новинари од јавните сервиси BR и NDR, по што ја известиле управата на „Баер“.

Според наводите од концернот, ИТ-системот на „Баер“ кон крајот на минатиот месец бил целосно исчистен од штетен софтвер, кој засега по непознат пат, групата Винти го инсталирала во системот на германската компанија. Според „Баер“, во нападот не се одземени никакви материјали бидејќи напаѓачите не биле активни во таа насока.

Државниот правобранител во Келн, кој е надлежен за овој случај, не сакал да ги открие деталите за хакерскиот напад на „Баер“ и рекол дека таквата негова одлука е во интерес на истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот