Кинеската авиоиндустрија во вториот квартал бележи пад од речиси 5 милијарди долари

Авион / Фото: Архива

Поради последиците од новиот коронавирус, кинеската авиоиндустрија во вториот квартал од годината бележи пад од 4.89 милијарди долари.

Според податоците на кинеската Цивилна администрација за авијација, во првиот квартал од годината, авиоиндустријата загуби над пет милијарди долари.

Кинеската авиоиндустрија напредува побрзо за разлика од другите земји што сега попуштаат со мерките воведени поради Ковид-19.

Сепак бројот на патници укажува дека авиоиндустријата во Кина се уште е под нивото на кое се наоѓаше пред епидемијата.

Бројот на патници во јуни е за 42.4 отсто помал во однос на  минатата година, односно регистрирани се 30.74 милиони патници, додека податоците во мај покажуваат подобри резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот