Кина тивко се збогува со популарниот поранешен премиер

Почина поранешниот кинески премиер Ли Кечијанг / Фото EPA-EFE/WU HAO

Посмртните останки на поранешниот кинески премиер Ли Кечијанг денеска се кремирани на гробиштата Бабаошан во Пекинг.

Во знак на жалост знамињата се спуштени на половина копја на Плоштадот Тјенанмен во Пекинг, пренесува Би-Би-Си.

На погребот на Ли присуствуваа претседателот Си Џинпинг и неговата сопруга, заедно со уште шест членови на Постојаниот комитет на Политбирото на Комунистичката партија, највисокото ниво на политичка моќ во Кина, како и потпретседателот Хан Женг.

Поранешниот кинески претседател Ху Џинтао не присуствуваше на погребот но испрати венец.

Пораките за починатиот премиер ги преплавија социјалните мрежи. Платформата Веибо, која ја замени иконата „ми се допаѓа“ со цвет од хризантема, која симболизира жалост, десетици илјади луѓе оставија коментари со кои се збогуваа со Ли.

Хаштагот за тага поради смртта на Ли на Веибо имаше 430 милиони прегледи.

Зошто смртта на Ли Кечијанг е опасна за Си Џинпинг?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот