Фото: ЕПА

Кина издаде налог за апсење на 20 тајвански хакери

Кинеските власти издадоа налози за апсење на 20 Тајванци, тврдејќи дека се вмешани во случаи на хакирање во Кина, па дури нудат и награди за информации, објави официјалната кинеска новинска агенција Ксинхуа.

Бирото за јавна безбедност на Гуангжу соопшти дека хакерите дејствувале во име на Демократската прогресивна партија (ДПП) на Тајван, која се залага за независност, додавајќи дека нив ги предводи човек по име Нинг Енвеи. Не даде дополнителни детали за обвиненијата против нив.

Канцеларијата во Гуангжу дури ги објави фотографиите, имињата и личните броеви на Тајванците.

Поконкретно, кинеските власти го обвинуваат Тајван за организирање и планирање сајбер напади врз клучни сектори какви што се војската, воздухопловството, владините услуги, енергетиката и транспортот, превозот, како и компаниите за истражување на науката и технологијата во Кина, како и во административните региони Хонг Конг и Макао, објави Синхуа, според Ројтерс.

Синхуа, повикувајќи се на извештај за сајбер безбедност, рече дека тајванската „информативна, комуникациска и дигитална војска за војување“ соработувала со американските антикинески сили за да го води јавното мислење против Кина, тајно да поттикнат револуција и да се обидат да го нарушат јавниот ред во Кина.

Министерството за одбрана на Тајван во соопштението изјави дека не спроведува никакви „корпоративни сајбер напади“ и дека наградите што ги понуди Кина за 20-те Тајванци го демонстрираат „грубиот и неразумен став на кинеските комунисти кон заплашувањето и принудувањето на тајванскиот народ“.

„Неодамнешните изјави на Европската Унија, САД и Чешката Република со кои се осудуваат кинеските комунистички хакерски организации за извршување сајбер напади докажуваат дека кинеските комунисти не се само регионални проблематични фактори, туку и заедничка закана за глобалниот интернет“, додаде Министерството за одбрана на Тајван.

Висок тајвански безбедносен службеник, исто така, за Ројтерс изјави дека кинеските обвинувања се измислени и дел од напорите на Пекинг да го одвлече вниманието на светот од истрагата на чешките и европските власти за наводните активности на кинеските хакери во регионот.

„Тие измислија лажен наратив за да го свртат вниманието. Тоа е типично однесување на Кинеската комунистичка партија“, рече функционерот, зборувајќи под услов на анонимност со оглед на чувствителноста на прашањето.

Кина, од своја страна, го обвини Тајван за долгогодишна соработка со американската Национална безбедносна агенција, Централната разузнавачка агенција и други разузнавачки агенции како дел од „Азиско-пацифичката стратегија“ на САД, велејќи дека стремежот на Тајван кон независност се базира на САД.

Во исто време, кинеската влада објави дека се забранети сите комерцијални контакти со тајванската компанија „Сикуенс интернешнл компани лтд.“, која, како што тврди, ја водат бизнисменот Пума Сен и неговиот татко, опишувајќи ги двајцата мажи како поддржувачи на независноста.

„Сикуенс“, според релевантните веб-страници, е специјализирана за набавка на делови за велосипеди од Кина.

Шен е исто така раководител на Академијата Кума, организација која ги охрабрува луѓето од Тајван да се подготват за можна инвазија.

Кина го смета Тајван за своја територија, која ќе ја стави под своја контрола со сила доколку е потребно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот