Кина дневно вади по стотици тони нафта од осум километри длабочина

Нафтеното поле Фуман во пустината Таклимакан, Синџијанг, достигна рекордно производство од 4,6 милиони тони нафта и гас. Полето, најголемото ултрадлабоко нафтено поле во Кина, се протега на 17.000 км² и ги содржи најдлабоките резерви во земјата. Клучниот бунар Фуман 502H3, дупчен до 8.380 метри, произведува 120 тони нафта дневно и е еден од 47-те ултрадлабоки бунари дупчени над 8.000 метри оваа година. Просечното дневно производство на овие бунари е 100 тони, што го покажува големиот потенцијал на ултрадлабоките ресурси.

– Оваа година завршивме со дупчење на бунари длабоки 8.000 метри за околу 100 дена, што е значително забрзување. Геолошки, откривме бројни секундарни пукнатини богати со нафта и гас по главните раседи. Претходно ги таргетиравме главните артерии, а сега успешно извлекуваме и од капиларите. Ова е двоен пробив во инженерството и геологијата на истражувањето на енергијата – рече Жао Лонгфеи, заменик-директор на Институтот за истражување и развој на нафта на CNPC.

Фуман е дел од нафтеното поле Тарим, клучна производствена база во Западна Кина. Од 15 декември, Тарим извлече повеќе од 20 милиони тони нафта и гас од ултрадлабоки формации оваа година, што го прави најпродуктивното ултрадлабоко поле во земјата. 23 истражувачки и производствени бунари се планирани за 2026 година, од кои шест веќе дупчат, а четири започнуваат овој месец – објави Каматица.

„Брзо продолжуваме со експлоатацијата на ултрадлабоките слоеви во пустината“, додаде Жао.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот