Ким Кардашијан – Газдарица од пеколот: Седум поранешни вработени ја тужат старлетата, а причините се неверојатни!

Фото: Профимедиа

Најпознатата ријалити ѕвезда во светот можеби дава милиони на тривијалности и од неодамна е официјално и милијардерка, но изгледа не е така расположена за да ги плаќа редовно своите вработени.

Како што пишува „Дејли Мејл“, седум поранешни вработени на Ким Кардашијан поднеле заедничка тужба против неа во судот во Лос Анџелес.

Како што наведуваат, додека работеле во нејзината вила, вредна 60 милиони долари, тие се сретнале со низа проблеми: никогаш не им исплаќала средства на време, а дури им одземала и 10 проценти за данок, а потоа не го плаќала.

Фото: Профимедиа

Една од поранешните работнички, која денес има само 16 години, вели дека работела прекувремено кога не одела на училиште, односно повеќе од дозволените 48 часа неделно. Во групата вработени е и еден градинар, кој откако прашал дали ќе му бидат платени прекувремените часови труд тој добил отказ.

Ким, покрај сите обвинувања, наводно им останала и должна за одредена сума.

Старлетата претходно се фалеше како таа одлично ги третира своите вработени, а во една епизода од семејното реално шоу имавме прилика да ја видиме Ким како ја критикува својата сестра Кортни бидејќи ја „деградира“ дадилката на своите деца, потсетуваат странските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот