ВИДЕО | Ким Бесинџер откри зошто долго се криела: Моето ментално здравје потклекна, од страв не излегував од домот

Фото: Профимедиа

Ким Бесинџер (68) во последните години ретко се појавува во јавноста, а сега отворено зборуваше за нарушувањето со кое таа се бори.

Актерката, која своевремено беше прогласена за најубава жена на светот, гостуваше во подкастот на Џејда Пинкет Смит „Red Table Talk“ и призна дека се бори против агорафобија. Станува збор за еден вид на анксиозно растројство кое предизвикува луѓето да избегнуваат јавни места, но и места и ситуации кои предизвикуваат паника кај нив.

„Морав повторно да научам да возам, со години не сакав да возам низ тунелите во Малибу. Сето тоа ме правеше нервозна, за се морав да се мачам за да сфатам што точно да направам во моментот“, изјави таа. Не излегував од дома, не одев ни на вечера. Навистина е ужасно кога човек кој живеел како мене не знае што се случува со него. Сè изгасна во мене”, додала таа.

Во истиот подкаст беше и нејзината ќерка Ајрланд Болдвин (26) која зборуваше за зависноста.

„Во моето семејство има многу случаи на алкохолизам и зависност од дрога. Поради алкохолот и таблетите не можев да спијам“, признала таа.

Кариерата на Ким Бесинџер ја обележа појавувањето во Бетмен, но и во еден филм за Џејмс Бонд. Таа љубеше многу познати мажи, меѓу кои беше и Ричард Гир.

Сепак, најмногу внимание привлече бракот со Алек Болдвин, со кој ја доби ќерката Ајрланд. Се венчаа во 1993 година, а две години подоцна им се роди ќерката. Бракот пукна во 2002 година на непријатен начин. Тие јавно се расправаа и бореа за страрателството над ќерката. Јавноста застана на страната на Ким Бесинџер откако протече видео во кое Алек својата ќерка ја нарекува свиња.

„Имавме свои предизвици. Мислам дека тој не беше емоционално ниту ментално достапен за такви разговори. Тој фунционира на сосема поинаков начин во животот“, изјави таа и додаде дека сега добро се согласуваат.

Болдвин сега е во подобри односи и со ќерката, иако често и замерува за разголените фотографии на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот