Кикс на Лил, последното коло ќе одлучува за шампионот во Франција

epa08901741 Lille's Jonathan Ikone scores a goal during the Soccer ligue 1 match between Montpellier HSC and Lille OSC, in Montpellier, France, 23 December 2020. EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo

Лидерот во Лига 1, Лил не успеа да го победи Сент Етјен играјќи 0:0 и му дозволи на ПСЖ да дојде на само еден бод во пресрет на последното коло.
Интересно е што Сент Етјен со ремито против Лил го донесе во позиција ПСЖ да се надева на трофеј во Лига 1 и доколку успеа да во тоа, ќе се израмни по бројот на шампионски титули, и две екипи би имале по 10 со што би биле најтрофејни екипи во Франција.

За разлика од Лил кој ремизираше, ПСЖ со 4:0 го совлада Ремс и му се приближи на лидерот на табелата на само еден бод заостаток.
Гол серијата ја отворија Нејмар од пенал во 13. минута, за 11 минути подоцна во листата на стрелци да се запише Килијан Мбапе. Во второто полувреме во листата на стрелци се запишаа Маркињос во во 68. минута и Моисе Кин во 89. минута.

Минимални шанси за титулата има и Монако, но тие се речиси еднакви на нула бидејќи и ПСЖ и Лил треба да загубат во последното коло. Монако денеска славеше со 2:1 против Рен и има 77 бода, два помалку од ПСЖ и три од лидерот Лил.
Во последното коло, Лил кој ја држи судбината во своите раце му гостува на Анжер, додека ПСЖ игра против Брест исто на гости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот