Ќерката на Синди Крафорд во врска со славната манекенка Кара Делавињ?

Британскиот топ-модел Кара Делавињ (27) е една од најбараните и најуспешните манекенки на денешницата, a освен по успесите во модната индустрија, таа е позната и по своите врски со славни дами.

Нејзината нова девојка, според американските медиуми, e супермоделот Каја Гербер (18), која е една од најпопуларните на планетата и околу која се „тепаат“ дизајнерите, а инаку е ќерка на манекенката Синди Крафорд.

Двете убавици биле видени заедно пред два дена во Лос Анџелес, на протестот „Црните животи се важни“, а фотографиите и очевидците зборуваат дека биле мошне блиски. Манекенките се држеле за рака и се прегрнувале цело време.

Гербер претходно беше во врска со контроверзниот Пит Дејвидсон, поранешно момче на Аријана Гранде и на Кејт Бекинсејл. Кара Делавињ пред извесно време ја раскина врската со актерката Ешли Бенсон (30), позната од серијата „Убави мали лажги“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот