Ќерката на покојниот актер Пол Вокер објави селфи со децата на Вин Дизел, а нејзините зборови ќе ви ги насолзат очите! (ФОТО)

Фото: Profimedia

Ќерката на покојниот американски актер Пол Вокер, кој се прослави со улогата на Брајан Оконер во франшизата „Fast & Furious“, Медоу Рејн Вокер (21) објави селфи со децата на Вин Дизел (52) и кажа дека тоа е нејзиното семејство.

Американскиот продуцент и режисер, Вин Дизел е кум на Медоу Вокер, чиј татко Пол загина во 2013 година во сообраќајна несреќа во 40-година од својот живот.

Исто како што односот помеѓу нивните татковци беше неразделен, таков е односот и меѓу нивните деца.

Фото: Инстаграм

Во понеделникот, ќерката на Вокер, 21-годишната Медоу објави слатко селфи со трите деца на Дизел, ќерката Паулина (5), Симлс (12)  и синот Винсент (10).

– Моето семејство засекогаш – напишала таа под фотографијата.

Да се потсетиме. Неодамна Вин и го честиташе роденденот на својата кумашинка, со зборовите:

– Можам да кажам дека сум многу горд на тоа какова личност стануваш, но вистината е дека отсекогаш сум бил горд на тебе – започнал Вин.

– Среќен роденден Медоу. Знам дека е твојот 21 роденден и дека посакуваше кога ќе пораснеш да одиш во Јапонија, но семејството те чека дома со торта, па побрзај. Те сакам. Вујко Вин – напишал актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот