Кејт Мидлтон воодушеви со неочекуваниот моден избор – Чевли кои секоја жена треба да ги има! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Војвотката од Кембриџ доби нова работна улога. Таа стана потпретседателка на британското Здружение на извидници, а оваа титула ја дели со принцот Едвард, војводата од Кент.

Кејт е првата жена во 113 години постоење на Здружението која се најде на оваа позиција. На војвотката ова сигурно ќе и биде една од подрагите улоги, бидејќи и таа во детството била извидник, а откако влезе во кралството таа редовно ги посетува извидничките клубови и им дава поддршка за нивните инцијативи.

Фото: Профимедиа

За многу деца и млади луѓе Здружението на извидници игра важна улога во изградбата на односи и развивањето на вештини кои подоцна во животот ќе им бидат потребни за успех, изјави Кејт Мидлтон.

Таа за оваа прилика се дружеше со една екипа на извидници од Лондон. Со децата најпрвин разговараше за тоа како ги организираат активностите за време на пандемијата, а потоа тие изработуваа авиони од хартија и печеа колачиња покрај огнот.

Фото: Профимедиа

Нормално за ваквото дружење војвотката избра вистинска извидничка комбинација бидејќи сите останати модни обиди би биле неуспешни.

Ленената кошула во светлосина нијанса ја искомбинира со пантолони со темна боја. Таа носеше и кожно елече, а тука беше и моделот на класични но сепак префинети женски чевли, кои таа обожава да ги носи.

Станува збор за модел кој е идеален за секаков тип на дружење, цврсти рамни, класични, безвременски чевли. Можете да ги комбинирате буквално со се, со сукњи, со фустани, со фармерки и елегантни пантолони, па токму затоа овие обувки треба да ги има буквално секоја жена.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот