Кејт Мидлтон ужива статус на миленичка во кралското семејство – Но, на еден член сепак подрага му е Меган!

Фото: Профимедиа

На некои работи сепак не можете да влијаете…

Откако Меган Маркл и принцот Хари започнаа да се забавуваат, веднаш започнаа шпекулациите за нетрпеливоста помеѓу поранешната актерка и војвотката од Кембриџ.

Медиумите ширум светот со години зборуваат за лошиот однос на двете јатрви, а се повеќе детали кои го докажуваат тоа се изнесени во јавноста.

Фото: Профимедиа

Иако медиумите во повеќето случаи известуваа за тоа како Меган дава се од себе да и биде рамноправна на Кејт која е миленичка на британското кралско семејство, Магазинот „Стар“ тврди дека на принцот Чарлс сепак миленичка му била Меган.

Имено, како што открива неименуван извор, Кејт дознала дека 71-годишниот принц Чарлс повеќе ужива во друштво на поранешната актерка, а тоа ја разочарало и дополнително го влошило односот меѓу нив две.

Изворот наведува дека причина за тоа е што Меган е попристапна и пошармантна од Кејт, и дека принцот Чарлс со неа имал поопуштен и полежерен однос.

Фото: Профимедиа

Кејт Мидлтон во медиумите секогаш е претставена како таа која без приговор ги почитува сите правила кои ги наложува дворецот.

Од друга страна пак, познато е дека Меган Маркл им пркосеше на кралските правила, а оваа година со сопругот, принцот Хари, се пресели во Америка, при што и двајцата се откажаа од кралските должности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот