ФОТО | Кејт Мидлтон се сретна со Олена Зеленска: Првата дама на Украина ѝ оддаде почест на кралицата Елизабета
Принцезата од Велс Кејт Мидлтон се сретна во Бакингемската палата со сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленска, во пресрет на денешниот погреб на кралицата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Да потсетиме, Олена Зеленска на погребот ќе го застапува и нејзиниот сопруг, кој не можеше да дојде во Лондон за да присуствува на церемонијата.
Првата дама на Украина Олена Зеленска се сретна во Бакингемската палата со Кејт Мидлтон, додека претходно беше забележана како влегува во Вестминстерската сала, каде што моментално се наоѓа ковчегот со покојниот монарх кралицата Елизабета Втора. Тоа било само неколку минути пред да дојде и американскиот претседател Џо Бајден да ѝ оддаде почит на кралицата.
View this post on Instagram
Олена е фотографирана со другите членови на украинската делегација, облечена во црно и со златен брош на градите. Изразот на нејзиното лице беше мрачен, а Олена ја наведна главата во знак на почит кон кралицата.
Госпоѓа Зеленска останала неколку минути во салата додека поминувале граѓани и ѝ оддавале почит на Елизабета Втора, пишува „Дејли мејл“.
View this post on Instagram
Инаку, во комбинација со едноставен црн фустан, Кејт на состанокот со Олена носела бисерен ѓердан и белезица, која некогаш ѝ припаѓала на принцезата Дијана.

Принцезата Дијана ја носела истата белезица додека била на турнеја во Хонг Конг со тогашниот сопруг принцот Чарлс.
Белезицата по смртта на принцезата Дијана му била предадена на принцот Вилијам, а тој подоцна ѝ ја подарил на Кејт.
Кејт ја носеше бисерната белезица неколкупати во изминатите неколку дена, а последен пат на ручекот одржан за генералните гувернери на земјите на Комонвелтот во Бакингемската палата.
ФОТО | Кејт и Меган искажаа почит кон кралицата со внимателно избрани модни детали
ВИДЕО+ФОТО | Вилијам и Хари повторно еден покрај друг: Кејт и Меган во црно од глава до пети


