Кејд Канингем прв избор на НБА драфтот

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Детроит пистонс го избра плејмејкерот Кејд Канингем за прв пик на драфтот во 2021 година. Студентот на Универзитетот Оклахома стејт очекувано е избран од првата позиција на драфтот кој се одржа утринава во Њујорк. Канинегем има 19 години, висок е 203 сантиметри, а со репрезентацијата на САД до 19 година, на СП во 2019 година го освои златниот медал.

Хјустон рокетс кој бираше втор на драфтот, се одлучи за Џејлен Грин, додека Кливленд кавалирс од третата позиција го избраа Еван Мобли.
Првото изненадување го направи Торонто репторс кој како четврти пик го избра Скотi Барнс, додека Џејлен Сагс за кого се очекуваше да биде меѓу првите три пика, беше избран како петти и тоа од Орландо меџик.

Оклахома сити тандер од шестата позиција го избра Џош Гиди, седми бираше Голден стејт вориорс кој се одлучи за Џонатан Кумингa. Потоа повторно бираше Орландо кој како осми пик го зеде Франц Вагнер.
Сакраменто го избра Девион Мичел, додека првите 10 на драфтот ги комплетира Зиаре Вилијамс за кого се одлучи Њу Орлеанс пеликанс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот