Казнет црногорскиот ракометар Ласица поради плукањето кон македонските навивачи

Македонските навивачи во Дебрецин ја даваат максималната поддршка за нашите најдобри ракометари/Фото: Петр Стојановски

По завршувањето на натпреварот на Европското првенство помеѓу репрезентациите на Македонија и Црна Гора во унгарскиот град Дебрецин, се случи инцидент.

Црногорскиот ракометар Марко Ласица влезе во конфликт со македонските навивачи кои ја бодреа нашата селекција во текот на мечот.

Ласица плукна кон македонските фанови, а тоа го забележа и пријави ЕХФ супервизорот на мечот. Дисциплинската комисија ги испита и ги оцени достапните извештаи и видеото од инцидентот во кое се забележува дека играчот тргнал кон навивачите на Македонија кои врескале и викале и ги плукнал како реакција на навредите.

Во својата одлука, панел комисијата смета дека гестот, а со тоа и покажаниот став, е во спротивност со основната обврска на делегациите-учеснички да промовираат спортски дух.

Дополнително, Комисијата потсети дека ваквото однесување е штетно за имиџот на ракометот и не смее да се толерира. На играчот му е изречена казна од 5.000 евра. Од казната 2000 евра ќе плати доколку направи нешто слично во следните две години, известува ЕХФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот