Казната за екс-судијата Владимир Панчевски намалена на две и пол години затвор

Фото: Архива на „Слободен печат“

Екс-судијата и претседател на Кривичен суд – Скопје, Владимир Панчевски доби намалена затворска казна за една година. Апелациониот суд Скопје ја прифатил неговата жалба и ја намалил затворската казна на две и пол години, објави Телма.

– Апелациониот суд Скопје по повод жалбите на обвинетиот Владимир Панчевски, пресудата на Основниот суд Велес од 4.8.2020 година ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција, на начин што обвинетиот Владимир Панчевски од Скопје, кој со првостепена пресуда е огласен за виновен за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, се осудува на казна затвор во траење од 2 години и 6 месеци, во која казна согласно му се засметува и времето поминато во притвор. Во останатиот дел, првостепената пресуда е потврдена, велат од Основен суд Велес.

Панчевски беше осуден поради тоа што во периодот од 2013 до 2016 година, со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во системот АКМИС рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите, надвор од времето на приемот на предметот во судот, и кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се изигрувал системот што требало автоматски да ги распределува предметите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот