Катастрофален потег на Челси, даде 168 милиони евра за напаѓачи кои сезонава нема да го носат „синиот“ дрес

Тимо Вернер две години го носеше дресот на Челси/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Германскиот бундеслигаш Лајпциг и официјално го врати Тимо Вернер во своите редови откако пред две години му го продаде на Челси.

Лајпциг за Вернер плати 30 милиони евра, односно 23 милиони евра помалку од тоа што го заработи кога му го продаваше на Челси.

Тимо Вернер од 2016 до 2020 година го носеше дресот на Лајпиц, а последните две сезони настапуваше за Челси, но не ги оправда очекувањата иако со „сините“ триумфира во Лигата на шампионите, во УЕФА Суперкупот и на Светското клупско првенство, притоа играјќи на 89 натпревари на кои даде 23 гола.

Според англиските медиуми, главна причина за заминувањето на Вернер од Челси и лошиот однос со тренерот на „сините“ Томас Тухел како и желбата да настапи на Светското првенство во Катар.

Со продажбата на Вернер, Чеси потврди дека погреши со изборот на напаѓачи во последните две години за кои потроши 166 милиони евра. Освен Вернер, Челси минатата година го купи Ромелу Лукаку за 115 милиони евра од Интер, но ова лето го испрати на едногодишна позајмица токму во италијанскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот