Катар оствари негативен рекорд на светските фудбалски првенства

Мохамед Мунтари го постигна единствениот гол за домаќинот Катар на Светското првенство 2022/фото: EPA-EFE/Mohamed Messara

Катарските фудбалери беа поразени од Холандија во последното коло од групната фаза на Мундијалот, поставувајќи негативен рекорд.

Репрезентацијата на Катар, која веќе ја пропушти шансата да се пласира во нокаут фазата, стана првиот домаќин на Светското првенство што ги загуби сите три натпревари.

Досега најлоша селекција домаќин на Светското првенство беше Јужна Африка, која беше елиминирана во групната фаза во 2010 година. Јужноафриканците тогаш беа во група со Франција, Мексико и Уругвај и беа елиминирани со четири освоени бода.

Катар во групата „А“ загуби на сите натпревари редоследно од Еквадор (0:2), Сенегал (1:3) и Холандија (0:2). Искусниот Мохамед Мунтари нема да го заборави овој Мундијал како прв стрелец за Катар во историјата на светските првенства.

Следна обврка за Катар ќе биде Арапскиот Голф Куп кој ќе се одржи од 6 до 19 јануари 2023 година во Ирак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот