ВИДЕО: Кулибали е херојот на Сенегал, Холандија го освои првото место во групата „А“

Калиду Кулибали му донесе мундијалско осминафинале на Сенегал/Доха, Катар/29 ноември 2022/фото: EPA-EFE/Rungroj Yongrit

Холандија не дозволи никакво изненадување, ја запиша и втората победа на Светското првенство во Катар, откако го совлада домаќинот со 2:0.

„Лалињата“ стигнаа до триумфот на головите на Гакпо во 26 минута по асистенцијата на Клаасен, и де Јонг во 49 минута.

Играчите на Луј ван Гал го освоија првото место во групата „А“ со седум бодови, пред Сенегал кој во директниот меч за втората позиција славеше против Еквадор со 2:1.

Сенегалците во 44 минута стекнаа предност со погодокот на Сар кој беше прецизен од белата точка.

Израмнија Еквадорците во 68 минута преку Каиседо, асистент беше Торес, но нивната радост траеше само 120 секунди. Избраниците на селекторот Алиу Сисе дојдоа до уште еден погодок, благодарение на играчот на Челси, Кулибали.

Во осминафиналето на Мундијалот, Холандија ќе игра со второпласираниот, а Сенегал со првопласираниот од групата „Б“ каде што моментно табелата изгледа вака: Англија 4 бодови, Иран 3, САД 2 и Велс 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот