Касемиро откри дека неговиот идол од детството е легенда на Манчестер јунајтед

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Бразилскиот репрезентативец Касемиро летово гпо девет години и освоени пет титули во Лигата на шампионите го напушти Реал Мадрид и се пресели во Манчестер јунајтед во трансфер вреден 70,65 милиони евра и ќе игра за тимот во кој настапувал неговиот идол.

Касемиро на англиските медиуми им откри дека еден од неговите фудбалски идоли од детството е поранешниот играч на Јунајтед, Пол Сколс.

– Има играчи на кои се сеќавате во вашиот живот. Што се однесува до идолите на мојата позиција, кога растев секогаш беше Зидан, но во Јунајтед секогаш беше Пол Сколс. Беше мал, но беше борец, даваше сè на теренот. Неговите додавања од преку 50 или 70 метри беа неверојатни – изјави Касемиро.

Се очекува Касемиро викендов да го има дебито во дресот на Јунајтед и тоа на гостувањето кај Саутемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот