Касано: Роналдо треба да му биде благодарен на Бензема што играа заедно во Реал
Поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано, е импресиониран од игрите што сезонава ги прикажува Карим Бензема во дресот на Реал Мадрид и на репрезентацијата на Франција, додека нема убави зборови за Кристијано Роналдо.
Касано гостувајќи во подкастот на уште еден поранешен фудбалер, Кристијан Виери, рече дека Роналдо може да биде среќен што во Реал Мадрид играл заедно со Бензема.
– Кристијано Роналдо секое утро треба да си вели: Ти благодарам Карим Бензема што играше со мене. Роналдо постигнува голови и постојано ќе го прави тоа, но тој е поиков тим на играч од Бензема. Карим е напаѓач што постигнува голови, но во исто време е и како Зидан. Карим Бензема е деветка, десетка – рече Касано.
Роналдо и Бензема девет години играа заедно во Реал Мадрид, од 2009 до 2018 година и освоија четири титули во Лигата на шампионите како и три титули во Ла Лига.
Сезонава, Бензема игра фантастично и е главен виновник што Реал Мадрид се наоѓа пред освојување на титулата во Ла Лига и е пред пласман во полуфиналето во ЛШ.
Италијанецот смета дека во фудбалот не се најважни само головите и титулите, и поради тоа за него Зинедин Зидан е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
– Во фудбалот не се важни само титулите и головите. Зинедин Зидан постигна малку голови во кариерата, но сепак е еден од најдобрите играчи на сите времиња. И Хуан Роман Рикелме исто така, тој беше волшебник на теренот – вели Касано кој за репрезентацијата на Италија одигра 39 натпревари и постигна 10 гола .