Касано: Роналдо е слепец кој мисли дека може да игра до 50 години

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Aнтонио Касано честопати знае да го критикува Кристијано Роналдо, па така беше и по интервјуто на Португалецот кај Пирс Морган.

Најголемо внимание од објавените делови до сега привлече моментот во кој Роналдо отворено зборува дека нема почит за Ерик Тен Хаг, потоа ги критикува Руни, Невил и сопствениците на клубот.

Италијанецот Антонио Касано одлучи да го коментира ваквото излагање на Роналдо и испрати жестоки критики.

„Роналдо едноставно нема храброст да признае дека не е истиот играч во последните три години. Оваа година мораше да оди во Спортинг и после Светското првенство да се пензионира. Тој е проблем за тренерите, не влијае добро ниту на соиграчите. Својата лоша страна ја покажа и со тоа што се уште не му честитал на Карим Бензема за „Златната топка“.

„За мене Роналдо е слепец кој мисли дека може да игра до 50 години. Драг Роналдо, ќе те советувам една работа, заврши на голем начин после светското првенство. Неговото его е преголемо, не е како Меси кој може да игра и со само неколку добри играчи околу себе. Роналдо само уште еднаш ја потврди неговата себичност и желбата самиот себе да си биде на прво место“, изјави Касано.

Светското првенство започнува во недела со натпреварот помеѓу Катар и Еквадор, а Роналдо нема загарантирано место во стартниот тим на Португалија. Со оглед на се што се случуваше во изминатиот период нема да биде изненадување ако натпреварите ги започнува од клупата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот