Фото: Профимедиа

Кардиолозите предупредуваат: Оваа секојдневна навика тајно ги оштетува вашите артерии

Кога размислуваме за здравјето на срцето, честопати се фокусираме само на самиот орган, иако артериите се подеднакво важни.

– Артериите се животни линии на срцето и разбирањето на нивната улога е првиот чекор во нивната заштита – вели кардиологот д-р Надим Џело за „Парада“.

Тој објаснува дека здравите артерии се „широки, флексибилни и мазни“, па овозможуваат слободен проток на крвта богата со кислород.

Токму затоа кардиолозите предупредуваат за една секојдневна навика што тајно ги уништува артериите – долготрајното седење.

– Долготрајното седење го намалува протокот на крвта, особено во нозете, бидејќи мускулите не се контрахираат за да помогнат во враќањето на крвта во срцето – истканува кардиологот д-р Нил Д. Шах.

Доктор Кевин Шах од Институтот за срце и крвни садови МеморијалКеар објаснува дека кога седите со часови, артериите се однесуваат „повеќе како крути цевки отколку како еластични канали“, додека д-р Џело предупредува дека „ова постојано, претерано оптоварување врши огромен притисок врз срцевиот мускул, што доведува до трошење кое постепено ја намалува неговата ефикасност и сила“.

Проблемот е што оштетувањето на артериите може да се развива тивко, дури и кога се чувствуваме добро. Д-р Џело наведува дека крутите и стеснети артерии го зголемуваат ризикот од висок крвен притисок и атеросклероза, која настанува кога „оштетената внатрешна обвивка и забавениот проток на крвта создаваат совршени услови за таложење на масните наслаги“.

– Мозочните удари може да се појават и кога згрутчувањето на крвта ја блокира артеријата, што често се поврзува со високиот крвен притисок и намалената циркулација, лишувајќи ги мозочните клетки од многу потребниот кислород – предупредува д-р Џело.

Кардиолозите истакнуваат дека седечкиот начин на живот не значи само отсуство на вежбање.

– Седечкиот начин на живот не е само невежбање – вели д-р Кевин Шах, туку подразбира поминување на поголемиот дел од денот седејќи, честопати повеќе од осум до 10 часа.

Затоа кардиолозите советуваат редовно станување и правење кратки паузи за движење, бидејќи, како што вели д-р Кевин Шах, „дури и кратките паузи за движење ја обновуваат циркулацијата и ја подобруваат функцијата на артериите“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот