Instagram
Instagram

ВИДЕO+ФОТО | Карди Би со голем труднички стомак владееше на сцената: Раперката на доделување на наградите „BET“ откри дека по втор пат ќе стане мајка

Светски познатaта раперка Карди Би, со настапот на церемонијата на доделување на наградите „BET“ откри дека е во поодмината бременост. Приклучувајќи се на групата „Migos“ на сцената, чија член е и нејзиниот сопруг Офсет, таа го покажа своjот труднички стомак носејќи тесен комбинезон збогатен со многу кристали и специјален пресек.

По настапот на социјалните мрежи беше објавена фотографија на која таа позира гола, а покрај тетоважите на телото, нејзините стомак и гради се прекриени со бела смеса која ќе формира скулптура од нејзиното тело, што ќе остане како прекрасен спомен за раперката.

Паралелно со настапот на церемонијата на доделувањето на наградите, во соопштението беше потенцирано:

„Излегувајќи на сцената во адаптирано парче облека на „Долче и Габана“, Карди гордо го покажа трудничкиот стомак споделувајќи ја оваа прекрасна вест заедно со нејзиниот сопруг.“

Иако објавата сигурно изненади многумина, нејзиниот настап со Меган Ти Сталион на доделувањето на наградите „Греми“ во март, открива дека и тогаш таа можеби покажала малку поголем стомак. Меѓутоа, тоа не било лесно да се забележи со оглед на нејзиниот целокупен настап и танцовите потези.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cardi B (@iamcardib)


Карди практично е пионер во откривањето на бременостите на големите телевизиски настани. Со сличен потег во 2018 година, таа ја откри својата прва бременост во емисијата „Saturday Night Live“.

Објавата за бременоста ги изненади и гледачите и водителите на шоуто, а актерката Тараџи П. Хенсон, која се најде во улогата на водителка, во продолжението на емисијата изјави: „Во ред, да се вратиме на Карди Би и Офсет, кои ни даваат живот – буквално!“

Карди освои се закити и со неколку награди и тоа две за најдобар женски хип – хоп изведувач, за најдобра соработка, специјална награда од гледачите и две награди за видео на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот