Каратистката Пецевска „златна“ на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21

карате балканско
Македонија се закити со пет медали во Риека/Фото: Jan Mastrović/facebook.com/CROATIANKARATEUNION/

Македонската каратистка Ива Пецевска во категоријата до 48 килограми го освои првото место на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Риека.

Пецевска го освои златниот медал во хрватскиот град пред второпласираната Лана Коцкаревиќ (Хрватска), а третата позиција ја поделија Маса Магајна (Словенија) и Сена Хатиџе Кајаџан (Турција).

Во Риека со медал се закитија уште неколку наши натпреварувачи, Реџеп Рушити во категоријата до 63 кг. кадети ја освои бронзата, првопласиран беше Босанецот Тарик Салкиќ.

Во категоријата до -76 кг. јуниори бронзи освоија Симон Петрески и Андреј Ангеловски, на врвот се најде Омар Халиловиќ (БиХ), пред Гркот Кристофорос Кацаулас, а Александар Неделковски е третопласиран во кати У-21.

На ова Балканско првенство се пријавени 777 каратисти од 13 држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Македонија, Романија, Србија, Словенија и Турција.

Видео на денот