Каран: Ќе видиме што ќе се случи, Пјуник е силен!

fcshkupi.com

Каран и неговиот Шкупи денеска го дознаа ривалот во првото квалификациско коло на Лига Европа, тоа е Пјуник од Ерменија кој веќе има меѓународни мечеви во нашата земја.

Пјуник е тим со 14 шампионски титули, осум трофеи во националниот Куп, а девет во Суперкупот. Каран посакува изненадување во овој двомеч:

– Станува збор за еден силен тим, кој што успеа лани да го елиминира Вардар. Но, ние добро ќе се подготвиме и веруваме дека можеме да се најде во следното квалификациско коло. Ќе видиме што ќе се случи, Ерменија е далеку, имаме доволни информации за нив, а наше е да го дадеме најдоброто од себе. До овие мечеви важно ќе бидеме здрави и бидеме спремни за предизвикот – вели тренерот на Шкупи, Каран.

Пјуник секогаш бил поуспешен во мечевите против македонските екипи, најпрвин во квалификациите за ЛШ против прилепска Победа во сезоната 2004/2005) со вкупен резултат 4:2.

Потоа, во квалификациите за ЛЕ во сезоната 2013/2014 со вкупни 2:1 го елиминираше Тетекс, а во истото натпреварување минатата година го исфрли Вардар (3:0). Може ли Шкупи да ја прекине оваа негативна традиција на нашите претставници против Пјуник?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот