Каракачанов ја мати кампањата на синот на Солза Грчева во Софија: Како може чистокрвна Македонка да роди Бугарин?

Красимир Каракачанов, Солза Грчева и Андреј Зографски/Фото колаж/Слободен печат

Почесниот претседател на бугарското ВМРО Красимир Каракачанов му постави неколку прашања на кандидатот за општински советник од ПП-ДБ во Софија, Андреј Зографски, кој е син на македонската професорка, екс пратеничка и претседателка на партијата „Глас за Македонија“ Солза Грчева.

-Ова е Андреј Зографски, роден во Скопје и добил бугарско државјанство во 2019 година. Интересно е како го добил, бидејќи неговата мајка Солза Грчева е позната како жесток непријател на Бугарија и на Бугарите во Македонија. Според неа, таа е „чистокрвна Македонка“ и нема никаква врска со Бугарија. Како може чистокрвна Македонка да роди Бугарин? Како мајката води жестока антибугарска кампања во Скопје, а синот тивко сака да ја управува Софија?, прашува Каракачанов во објавата на Фејсбук.

За Солза Грчева, анализирајќи ги нејзините објави на Фејсбук во изминатиот период, екс бугарскиот министер за одбрана додава дека е политичарка, поранешен пратеник во македонскиот парламент, со антибугарски ставови.

-Таа многупати јавно изјави дека Бугарите се фашистички окупатори, дека не треба да ги признаваат правата на Бугарите во Македонија, туку Бугарија треба да ги признае и воените права на македонското малцинство кај нас. Таа на Фејсбук напиша: „Ламбе, ти си нашиот нов херој… Ванчо Михаилов не му е местото никаде“, објавува Каракачанов дел од нејзините постови на Фејсбук.

Бугарскиот политичар потоа му се обраќа и на кандидатот за општински советник во локалната самоуправа на Софија, Андреј Зографски од коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија и од него бара одговори на следните прашања:

-Дали ја споделувате клеветата на мајка ви против Бугарија или ја поддржувате нејзината омраза? Дали според тебе Бугарите се фашисти и татари? Дали според вас Бугарија е фашистички окупатор на Македонија? Според вас, има ли македонско малцинство во Бугарија и дали Бугарија треба да признае? Откако сте добиле бугарско државјанство во 2019 година, дали сте и понатаму државјанин на Република Македонија?, го праша Каракачанов Зографски.

Солза Грчева деновиве откако во медиумите се појави информацијата дека нејзиниот син е кандидат за советник во Софија, на Фејсбук коментираше:

-Гледам во последно време организиран напад врз мене и од бугарска страна, но и од разни платени структури(чки) кај нас. Нормално, се удира по тој кој им е опасен. Сега вака. Прво, немам намера да им одговарам. Нека се валкаат во калта во која се до гуша; Второ, нека не ми мешаат фамилија (возрасни луѓе со свој животен пат) бидејќи ако имаат среќа да ме сретнат во живо, ќе знам како да се справам со нив; Трето и најважно, ако до сега нема некој доверба и почит кон се што правам за Македонија и за тоа плаќам висока цена (тужби, притисоци…) веднаш нека се исклучи од мои пријатели. Со примитивни луѓе не вреди да се дискутира, ниту да им се објаснува. Моите дела, се мојот пат. МОЈОТ! На Солза Шопова Грчева, напиша таа.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот