Карагер: Ван Дајк е многу подобар од Видиќ, заборавивте ли на неговите дуели со Торес?
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер кој денес работи како аналитичар на случувањата во фудбалот, а посебно во Премиер лигата смета дека Вирџил Ван Дајк е многу подобар стопер од Немања Видиќ.
Препорачано
Холанѓанецот не е истиот стопер од пред некоја сезона, а ниту во дербито против Арсенал за викендот (2:2) не се прослави. Ван Дајк во Ливерпул пристигна за 75 милиони фунти во 2018 година и веќе во наредната сезона беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата.
Често пати дефанзивецот на Ливерпул добива критики на социјалните мрежи, меѓутоа Карагер тврди дека неговиот пад на формата е привремен.
„Рио и Тери имаа исто така лоши сезони во кариерата, како и сите други играчи. Ван Дајк сега игра една таква сезона. Сепак, ниту еден стопер во Премиер лигата нема такво влијание на играта на својот тим како што има Ван Дајк. Ван Дајк е многу подобар стопер од Видиќ кој беше фантастичен, но ги заборавивте ли неговите дуели со Торес“, запраша Карагер.
Карагер во последниот дел од изјавата многу веројатно потсети на натпреварот помеѓу Ливерпул и Јунајтед во март 2009 година кога Видиќ заработи црвен картон во поразот од 4:1.


