Карачиќ: Ни ветија, уште ги чекаме парите!

Фото: РК Вардар

Карачиќ ја освои и втората титула со Вардар во Лигата на шампионите, но воедно не заборава дека не бил за џабе сиот тој друг и секако бара истиот што поскоро да се валоризира.

Во интервјуто за рускиот портал „Брз центар“ имаше прашање дали се исплатени за изминатите месеци, тој одговори:

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

– Не, уште чекаме. Тие ни ветија дека ќе ни се исплати до 1 септември. Јас верувам во Сергеј Самсоненко, тој е голем лидер – се зборовите на Карачиќ.

Додава дека проблемите биле навистина големи, 21 месец без плата. Тешки моменти за играчите, за клубот, а сето тоа започна од стартот на минатата сезона.

По освојувањето на новиот трофеј во ЛШ, стигнаа ветувања за парични награди за ракометарите, а во меѓувреме веќе „црвено-црните“ размислуваат за наредната сезона и како да се одбрани европската титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот