Град Скопје ги награди ракометарите на Вардар со чек од шест милиони денари!

Фото: МИА

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и претседателката на Советот Љубица Јанчева денеска се сретнаа со ракометарите на РК „Вардар” и на престедателот на клубот и на играчите им го врачија чекот од шест милиони денари.

„Град Скопје секогаш ќе стои зад европскиот шампион РК „Вардар” затоа што нема подобар начин за промоција и афирмација на нашиот град. Им благодарам на ракометарите за подарената ракометарска топка со потписи и искажаната благодарност од нивна страна за помошта што Град Скопје ја даде за нивен достоинствен пречек, напиша Шилегов на својот фејсбук профил“.

Шилегов објави дека во неформален разговор со кафе и баклава, си ветиле дека ќе се видат и догодина на прослава за нова титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот