Италијанскиот остров Капри е популарна дестинација за туристите/Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE CATUOGNO

Капри го реши проблемот со водоснабдувањето, укината забраната за туристите

Италијанскиот остров Капри ја укина забраната за туристи откако беа решени проблемите со водоснабдувањето.

Забраната беше објавена вчера рано наутро, поради што неколку утрински фериботи од Неапол и Соренто беа принудени да се вратат назад.

Но, синоќа градоначалникот на островот, Паоло Фалко, рече дека забраната е „укината“ откако беше надминат техничкиот проблем што го спречува снабдувањето со вода од копното.

Фалко претходно ја опиша забраната како реакција на „вистинска вонредна состојба“ и објасни дека локалните резервоари снемувале вода.

„Вонредната ситуација ќе биде отежната со пристигнувањето на илјадници туристи кои доаѓаат во Капри секој ден“, рече тој.

Забраната не беше насочена кон локалните жители, на кои им беше дозволено да соберат до 25 литри вода за пиење по домаќинство од цистерни за вода.

Капри, во заливот на Неапол, е познат по своите бели вили и луксузните хотели. Има околу 13.000 постојани жители, но привлекува голем број еднодневни посетители во текот на летото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот