Алесио Ромањоли се поврзува со трансфер во римски Лацио/Фото: EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Капитенот на Милан Ромањоли од следната сезона ќе игра на „Олимпико“!?

Долгогодишниот капитен на Милан, Алесио Ромањоли, кој ќе стане слободен играч по истекот на договорот на Сан Сиро на 1 јули, е во завршна фаза од преговорите со Лацио и е блиску до преселба на Олимпико, информира познатиот италијански новинар Николо Шира.

Во средината на февруари истиот извор објави дека Лацио планира да ја засили одбраната со доведување на познат фудбалер, кој заедно со Френк Каси ќе остане без нов договор во Милан.

Ромањоли на лето би требало да потпише петгодишен договор со Лацио каде би заработувал 3,2 милиони евра плус бонуси годишно.

Овој дефанзивец е во застој од ноември по прашањето за преговорите со Милан, а речиси половина година ништо не е сменето по тоа прашање.

Сезонава во италијанската Серија А досега запиша еден гол во 18 настапи. Во кариерата пред да се пресели во Милано, три години беше дел од Рома.

Три екипи подготвени да платат 70 милиони евра за бисерот на Бенфика, Дарвин Нуњез

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот