Капело против Конте: Невозможно е да разговарате со тој човек!

Фото: Твитер

Интер само ремизираше 0:0 против Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите, па така не успеа да обезбеди настап во нокаут-фазата, ниту пак да се најде на третата позиција која води во Лига Европа.

Тренерот на „неро-аѕурите“, Антонио Конте доби голем број на критики од навивачите поради раната елиминација од Европа, се наоѓа на удар, а кога го критикува Фабио Табело тогаш тоа е голем проблем.

Капело беше стручен консултант за италијанскиот „Скај Спорт“, па по натпреварот го праша Конте:

„Зарем немате план Б да ги свртите работите?“

„Да, имаме план Б“ – одговори Конте.

„Јас не го видов“ – одговори Капело.

„Не сакам да зборувам за тоа, во спротивно тоа ќе биде тотална катастрофа” – се зборовите на Конте.

Потоа, и водителката во студиото, Ана Било го праша зошто екипата немаше план Б за мечот против Шахтјор:

– Проблем во играта? Во која смисла? Шахтјор дојде и го оневозможи нашиот систем. Размислете пред да поставите прашање – беше лут Конте.

Капело тогаш жестоко го критикуваше тренерот на Интер во студиото за неговото однесување.

– Невозможно е да разговарате со овој човек. Тој не разбира дека не можеме да зборуваме само кога работите одат добро. Интер претрпе огромна економска штета со елиминацијата, па дури и нема да игра во Лига Европа. Штетата е огромна, дури и за спонзорите – додаде Капело.

ВИДЕО: Нема теорија на завера: Реал победи, но Интер испадна од Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот