ВИДЕО: Нема теорија на завера: Реал победи, но Интер испадна од Европа

epa08873534 Inter's Nicolo Barella reacts during the UEFA Champions League group B soccer match between Inter Milan and Shakhtar Donetsk in Milan, Italy, 09 December 2020. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Најголем губитник во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите е Интер.

Реал Мадрид со победата од 2:0 над Борусија Менхенгладбах си го обезбеди пласманот во осминафиналето во Лигата на шампионите, а најголем губитник е Интер кој зависеше само од себе но сезоната ја заврши уште во групната фаза.

Иако „нероаѕурите“ се сомневаа во теорија на завера, односно дека Реал Мадрид и Борусија ќе одиграат нерешено, „ кралскиот“ клуб си ја заврши работата и победи, со што го остави Интер сам да одлучува за својата судбина.

Но, „нероаѕурите“ на кои им беше потребна победа „Џузепе Меаца“ против Шахтјор одиграа само 0:0 и на крајот го освоија четвртото место во групата Б со шест бодови. Реал Мадрид заврши како првопласиран со 10 бода, а покрај „кралевите“ во осминафиналето на ЛШ ќе игра уште и Борусија Менхенгладбах, додека Шахтјор своите настапи ги продолжува во Лигата на Европа.

Реал Мадрид својата работа ја заврши во првите 45. минути благодарение на двата гола на Карим Бензема.


Во вториот натпревар, Интер доминираше на теренот, но не успеа добрата игра да ја круниса со гол. Најдобрата шанса „нероаѕурите“ ја имаа на стартот од натпреварот кога Лаутаро Мартинез во седмата минута ја погоди стативата.


Останатите фаворити без поголеми проблеми дојдоа до победи. Европскиот шампион Баерн Минхен со 2:0 го совлада Локомотив Москва, Манчестер сити му даде три гола на Олимпик Марсеј, а триумф на гости од 0:2 остварија Порто и Атлетико Мадрид кои славеа над Олимпијакос, односно Салцбург.


Резултати:

Група А
Баерн – Локомотив Москва 2:0
Салцбург – Атлетико Мадрид 0:2
Табела: Баерн 16, Атлетико Мадрид 9, Салцбург 4, Локомотив Моксва 3

Група Б
Реал Мадрид – Борусија М. 2:0
Интер – Шахтјор 0:0
Табела: Реал Мадрид 10, Борусија М. 8, Шахтјор 8, Интер 6

Група Ц
Манчестер сити – Олимпик Марсеј 3:0
Олимпијакос – Порто 0:2
Табела: Манчестер сити 16, Порто 13, Олимпијакос 3, Олимпик Марсеј 3

Група Д
Ајакс – Аталанта 0:1
Митјиланд – Ливерпул 1:1
Табела: Лииверпул 13, Аталанта 11, Ајакс 7, Митјиланд 2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот