Капарош: Искуството на Мхитарјан може да ни помогне против Македонија

Ерменскиот селектор Капарош се надева на добар резултат во Скопје/Фото: ffa.am

На Националната арена „Тодор Проески“, селекторот на ерменската репрезентација, Хоакин Капарош на официјалната прес-конференција ги сподели своите очекувања во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар против Македонија за пласман на СП 2022.

Мечот ќе се одигра в четврток со почеток од 20.45 часот, а моментно на табелата во квалификациската група „Ј“ води Ерменија со девет бодови, пред Македонија со шест.

– Македонската репрезентација има нов селектор после Европското првенство, но 80% од селекцијата останува иста. Наше е да го дадеме максимумот на утрешниот дуел, знаеме дека се случуваат работи како промена на генерации, фудбалери и тренери кои доаѓаат и си заминуваат.

Само колективно можеме да дојдеме до позитивен резултат, Мхитарјан може да ни помогне со неговот големо искуство во следните мечеви и дека истото ќе го пренесе на останатите за натпреварот со Македонија – вели ерменскиот селектор Капарош.

Последниот меѓусебен дуел меѓу Македонија и Ерменија се одигра во рамките од УЕФА Лигата на нации минатата година во Никозија (Кипар) кога загубивме со 1:0.

Ристовски ја наследи капитенската лента од Пандев: Чест е да се биде капитен на оваа генерација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот