Канибал од Берлин осуден на доживотна казна затвор

Германска полиција
Германска полиција /Фото: EPA

Наставник од Берлин е осуден на доживотен затвор за убиство на човек кој судот го процени како канибализам, пишува Би-Би-Си.

Судот утврди дека обвинетиот учител Стефан Р. убил инженер (43) во септември 2020 година за да ги „оствари своите фантазии за канибализам“.

„Она што го направивте е нехумано“, рече судијата Матијас Шерц.

Обвинетиот и убиениот се запознале преку апликација за запознавање, по што убиениот дошол на средба во станот на наставникот.

Наставникот таму го убил инженерот, му го распарчил телото и разнел делови на повеќе места во градот. Инспекторите тврдат дека жртвата не очекувала да биде нападната.

Судијата изјавил дека обвинетиот долго време размислувал за „колење и канибализам“ и дека посетувал такви форуми на интернет и доста читал на тие теми.

Инспекторите во неговиот стан пронашле пила за коски и специјални ножеви.

Убиството било откриено кога случајни минувачи пронашле коски во шума во Берлин, неколку месеци откако мајката на жртвата го пријавила неговото исчезнување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот