Фото: EPA/ANNA SZILAGYI

Канада во проблеми пред СП 2026: Крај на сезоната за Алфонсо Дејвис

Фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, ја заврши сезоната поради повреда на мускул на левата нога, објави германскиот клуб во петокот.

– Алфонсо Дејвис претрпе повреда на мускул на левата нога за време на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен во средата. Ова го потврди и медицинскиот тим. Канадскиот репрезентативец ќе биде надвор од терените неколку недели – се вели во соопштението на Баерн.

Канаѓаните се загрижени поради повредата на еден од своите најдобри играчи во националниот тим, но веруваат дека ќе биде подготвен за почетокот на Светското првенство кое ќе почне на 11 јуни.

Баерн веќе ја обезбеди титулата шампион на Германија, додека во Лигата на шампионите беше елиминиран во полуфиналето.

Канада, која заедно со САД и Мексико ќе го организираат Мундијалот, се наоѓа во групата Б заедно со селекциите на Босна и Херцеговина, Катар и Швајцарија.

Оваа сезона Дејвис во Бундеслигата запиша еден гол и три асистенции во 13 настапи, а две асистенции во осум настапи во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот