Канада е победник на АТП Купот

Канадските тенисери во финалето беа подобри од Шпанија/ фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Тениската репрезентација на Канада е победник на АТП Купот кој се игра во Сиднеј, откако во финалето беше поуспешна од Шпанија со 2:0.

Одлучувачкиот триумф го донесе Феликс Оже-Алиасим кој во два сета со 7:6,6:3 беше подобар од Роберто Баутиста Агут.

На стартот од мечот, Баутиста Агут поведе со 0:2, но Оже-Алиасим возврати со иста мерка, по што двајцата тенисери до крајот на сетот беа сигурни на свој сервис. Во тај-брејкот, поуспешен беше Оже-Алиасим кој славеше со 7:3.

Во вториот сет, прв се закани Шпанецот, во третиот гем имаше две брејк топки кои не ги искористи, додека Оже-Алиасим ја искористи својата прва брејк топка со која поведе со 5:3 и со сигурен сервис успеа да слави и да и ја донесе титулата на Канада.

Претходно, првиот поен го обезбеди Денис Шаповалов кој за точно 100 минути игра со 6:4,6:3 го пбеди Пабло Карењо Буста. Во полуфиналето, Канада го победи бранителот на титулата Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот