Кампања на македонските актери против насилството врз жените

Фото: Фејсбук
Секоја жртва треба да биде заштитена.
Секоја жртва треба да биде ислушана.
Да не судиме, да бидеме нечија поддршка.
Да не дозволуваме повеќе манипулацијата да владее.
Да не се всадува стравот во нас.
Никој нема право да биде малтретиран.
Стоп за насилство!

#охрабрисенесисама

Од вчера започна новата кампања #охрабрисенесисама против насилство врз жените во која учествуваат актери од Македонија заедно со Кристијан Станковски познат на јавноста како Бомбакис. Софиа Насевска Трифуновска, Тони Михајловски, Емилија Мицеска Трајковиќ, Ивана Павлаковиќ, Филип Трајковиќ, Ненад Нацев, Атанас Атанасовски се само дел од актерите кои излегоа со пораки за да им дадат поддршка на сите жени кои се жртви на насилство, семејно, сексуално, психичко или физичко малтретирање.

Целата кампања можете да ја видите на профилот кај Кристијан Станковски – Бомбакис, а во продолжение погледнете ги пораките кои ги испратија актерите…

Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот