Фпто: Слободен печат

Камиончето за ѓубре ги празни контејнерите и кога е најголема гужва во парк – морало така да биде!

Граѓаните кои викендов беа во Градски парк можеа да се уверат колку се вредни екипите на ЈП „Паркови и зеленило“. Среде најголемата гужва околу пладне, камионче за ѓубре возеше по пешачките патеки меѓу луѓето кои излегле на прошетка и меѓу растрчаните и разиграни деца и ги празнеше контејнерите.

На прашањето до јавното претпријатие нема ли посоодветно време за собирање ѓубре, наместо на пладне кога паркот е полн со луѓе, оттаму велат дека биле принудени тоа да го прават и во текот на денот.

Поради големата посетеност на Градскиот парк за време на викендите кога во корпите за отпадоци се фрла енормна количина на смет приморани сме собирањето на отпадот да го вршиме и во текот на денот, со цел да се спречи нивно преполнување, прелевање и расфрлање на отпадот низ паркот – тврдат од „Паркови и зеленило“.

Фото: Слободен печат

Интересно е дека во паркот нашата екипа не забележа ниту еден полн контејнер поради што би било неопходно камиончето за ѓубре баш тогаш да вози меѓу посетителите.

Но, затоа забележавме голем број неискосени тревници со трева до колена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот