Калиопи со емотивна порака на двегодишнината од смртта на легендарниот Оливер Драгоевиќ! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Пред точно две годин на овој ден беше погребан еден од најдобрите музичари и пејачи кои се родиле на овие простори. 

Во легендите засекогаш замина големиот Оливер Драгоевиќ. Човекот кој позади себе остави „еден тон“ хитови, за кои сме сигурни дека се безвременски и уште којзнае колку децении ќе патуваат во овој универзум.

Драгоевиќ беше чест гостин во нашата земја. Имаше одржано доста концерти во Македонија за време на неговата кариера, а исто така имаше и доста пријатели.

Една од нив беше и Калиопи Букле, која денеска по повод двете години од негово заминување, објави нивна заедничка фотографија и напиша неколку емотивни реченици…

Истура небо силни дождови

Едни се сиви, а други светло розови

Сѐ што ни треба се зборој искрени

Ако ги нема, никој од нас не постои…

Ова е нивната заедничка фотографија:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот