Калин Ивановски обезбеди пласман на главниот Челинџер турнир во Јокохама

Македонскиот тенисер Калин Ивановски/фото: mtftennis.mk

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успешно ги помина квалификациите за влез на главниот Челинџер 75 турнир во јапонскиот град Јокохама.

Ивановски во второто квалификациско коло за противник го имаше Јан Баи од Кина.

Првиот сет го освои кинескиот тенисер Баи со 6:4, а вториот му припадна на Македонецот со 7:5. При нерешени 1:1 во сетови Баи го предаде мечот.

Претходно во првата квалификациска рунда Ивановски со 3:6, 6:4 и 7:5 го елиминираше Јапонецот Шинџи Хазава.

Во првото коло на главниот турнир македонскиот тенисер за противник ќе го има Белгиецот Зизу Бергс (180. АТП).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот