Како влијае хормонот на стресот на наталожување масни наслаги

Фото: Инстаграм

Насобраните килограми плус, не се должат само на неактивност, туку и на стрес.

Кортизолот, познат како хормон на стресот, се излачува од надбубрежната жлезда, а во организмот има двојна улога. Акутниот стрес предизвикува пораст на овој хормон.

Наглата промена на стил на живот дава сигнал на надбубрежната жлезда дека сме во опасност, а тоа предизвикува искучително висок или пак исклучително низок степен на кортизол во организмот. И во двата случаја доаѓа до брзо наталожување на масно ткиво, бидејќи на тој начин организмот сам се заштитува и складира масти.

Кортизолот пак, кој се излачува со хормонот на растот и тестостеронот помага во топењето на масното ткиво. А за да се постигне овој ефект потребна е физичка активност. Физичката активност која го провоцира кротизолот да ги топи мастите треба да биде или долготрајна со низок интензитет или високоинтензивна активност со кратко траење.

Истотака и редовниот сон, здравото спиење по 8 часа во ноќта и одморот, позитивно влијаат на степенот на кортизол кој во овој случај помага во топењето на масните наслаги. И обратно, несониците и нездравиот ноќен живот предизвикуваат стрес на организмот кој го провоцира кортизолот да делува како наталожувач на масти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот