Фото: Слободен печат

Како се доставуваат дневно илјадници пратки од „Тему“ и „Алиекспрес“ и за колку години подмладува ласерот? Утре во „Слободен печат“

Граѓаните „полудеа“ по производи од „Тему“, а не стивнува и интересот за познатата платформа „Алиекспрес“. За тоа како курирската служба успева да одговори на овој предизвик и каков нов начин за достава се планира во утринската емисија „Слободен печат“ разговараме со првиот човек на „Еко Логистик“, Игор Гешовски.

Можно ли е да се спречи стареењето? Дали само естетска хирургија е сигурен избор за помлад изглед? Можно ли е со ласер да се подмладиме и за колку? Што е со ботоксот и со филерите? Од која возраст треба да почне да се користат? Утрово за подмладувањето меѓутоа и за естетската дерматологија зборуваме со професор доктор Андреј Петров од приватната болница „Аџибадем- Систина“.

Весна Петрушевска неодамна имаше премиера на нејзиното режисерско деби, претставата „Бог на колежот“ на сцената на нејзиниот матичен театар МНТ. Тоа беше поводот за нашиот разговор, но зборувавме и за нејзините амбиции, љубовта кон театарот, работата со децата и нејзиниот приватен живот и личните битки кои ги извојува изминатиот период.

Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот