Како до неодоливо и сочно месо – Маринада за месо на скара со која секое залче ќе има уникатен вкус!

Фото: Профимедиа

Печењето месо на скара е семеен „ритуал“ што многумина практикуваат да го прават барем еднаш неделно. Но, умешноста за подготвување скара е многу важна за крајниот производ да ги задоволи и најистенчените вкусови.

Тајната на големите скараџии лежи во маринадите што ги подготвуваат и во кои неколку часови го чуваат месото пред да го испечат, но и во редењето на дрвата. За да има подолго време жар, препорачливо е да се користат дабови дрва. Дабот, споредбено со буката, многу подолго го зачувува жарот што пак ќе помогне со исто количество дрва да испечете многу повеќе месо.

Кога станува збор за маринадата, иако постојат голем број рецепти за нејзина подготовка, најчесто е употребувана токму маринадата што можете да ја користите за сите типови месо. На тој начин си заштедувате време, бидејќи не морате да подготвувате маринада за пилешко, а потоа посебна маринада за свинско месо.

Фото: Профимедиа

За маринадата ви требаат следните состојки:

200 милилитри масло за јадење

100 милилитри јаболков оцет

2 лажици лук во прав

2 ситно сечкани чешниња свеж лук

2 лажици сол

1 мала лажичка шеќер

1 лажичка црн бибер

1 мала лажичка црвен пипер

2 лажици соја сос

50 грама мед

една китка свеж магдонос

Фото: Профимедиа

За оваа маринада треба да имате околу еден килограм месо, како што се ребра, кременадли, бело пилешко месо, па дури и свински џигер.

Месото ставете го во подлабок сад, а потоа во истиот сад ставете го ситно исечканиот магдонос, како и другите состојки потребни за подготовка на маринадата. Со раце убаво „втријте“ ги состојките во месото, а потоа оставете го да отстои во фрижидер околу 24 часа. По истекот на потребното време, можете вака подготвеното месо да го испечете на скара и да уживате во неговиот уникатен вкус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот