Ка­ко да се воз­држи­те од вне­су­ва­ње хра­на по 19 ча­сот

Мно­гу нут­ри­ци­о­нис­ти со­ве­ту­ва­ат де­ка не тре­ба да се ја­де по 19 ча­сот до­кол­ку се раз­би­ра са­ка­те да го из­гу­би­те ви­шо­кот ки­лог­рами. Иа­ко се раз­би­ра е мно­гу теш­ко да му одо­ле­е­те на ис­ку­ше­ни­е­то да кас­не­те ба­рем не­кол­ку зал­чи­ња по овој тер­мин кој за мно­гу­ми­на зна­чи „цр­ве­на ли­нија” до ко­га сме­е­те да ја­дете, се­пак мо­ра­те да се оби­де­те да се прид­ржу­ва­те кон овие пра­вила.

На­у­че­те се да се кон­тро­ли­рате

На­у­че­те се да си ги кон­тро­ли­ра­те мис­лите, но и те­лото. Ова е осо­бе­но важ­но за да по­сти­гне­те ус­пех во жи­во­тот на кое би­ло по­ле па ду­ри и ко­га ста­ну­ва збор за оби­ди­те да се ко­ри­ги­ра­ат ки­лог­ра­мите.

Хра­на со праз­ни ка­ло­рии

Ко­га ве­че­ра­те (се раз­би­ра пред 19 ча­сот), оби­де­те се да ја избег­ну­ва­те хра­на­та ко­ја во сво­јот сос­тав сод­ржи т.н. праз­ни ка­ло­рии. Брзи­те јаг­ле­хид­ра­ти кои се при­сут­ни на при­мер во сос­та­вот на ле­бот, но и во си­те дру­ги про­из­во­ди кои има­ат по­го­ле­ми ко­ли­чес­тва браш­но и ше­ќер во сво­јот сос­тав, пот­по­ма­га­ат во ви­со­ки­от скок на ин­су­ли­нот во крвта, а ка­ко по­след­ица на тоа, по са­мо не­кол­ку ча­со­ви ќе по­чув­ству­ва­те не­ве­ро­јат­на пот­ре­ба за внес на но­ва и но­ва храна, ра­бо­та што се раз­би­ра не ја по­са­ку­вате.

На­мес­то тоа, за вре­ме на ве­че­рата, вне­су­вај­те хра­на што сод­ржи рас­ти­тел­ни влак­на и про­те­ини. Тоа ќе ви по­мог­не да го држи­те ин­су­ли­нот во те­ло­то под кон­трола, а со тоа и да ја на­ма­ли­те пот­ре­ба­та за до­пол­ни­те­лен об­рок.

Избег­ну­вај­те да гот­вите

За­бо­ра­ве­те на под­го­тов­ка­та на вкус­на хра­на доц­на на­ве­чер. На овој на­чин са­мо ќе си ја отеж­ни­те си­ту­а­ци­јата.

До­кол­ку хра­на­та што тре­ба да ја ја­де­те ка­ко по­след­ен об­рок во­оп­што не из­гле­да при­ма­м­ливо, во тој слу­чај жел­ба­та за по­го­лем внес ќе би­де мно­гу мала. Во спро­тивно, до­кол­ку по­стоја­но сте оп­кру­же­ни со ва­ши­те оми­ле­ни ја­дења, слатки, тор­ти и ко­ла­чиња, ре­чи­си се­кој миг ќе се нав­ра­ќа­те на по­мис­ла­та да вку­си­те са­мо уш­те ед­но залче…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот