Алкохол илустрација / Фото Sergejs Rahunoks / Alamy / Alamy / Profimedia

Како да не се онесвестите од алкохол на дочекот на Новата година: Следете ги трите златни правила

За само неколку часа нè очекува најлудата ноќ во годината – дочекот на Новата 2024 година! Еуфоричната атмосфера не може, а да не се забележи на улиците, а многу угостителски објекти организираа и дневни забави, т. н. матине. А, како Новата година да помине без наздравување и чашка алкохол?

Тогаш многумина брзо и лесно се понесени од атмосферата, па не ни обрнуваат внимание на тоа колку испиле. За оние кои брзо ги „фаќа алкохолот“, Новата година може да тргне во некоја друга насока и да не се сеќаваат на ништо. Секако, тука е и неизбежниот мамурлак следниот ден. Како да пиете, без да се опиете? Прочитајте неколку совети од експертите:

Никако на празен стомак

Познатиот совет никогаш да не пиете на празен стомак е првата линија на одбрана од опивање. Ако веќе сте одлучиле да пиете алкохол, прво јадете како што треба. Ако не го направите тоа, алкохолот ќе оди директно во вашиот крвоток. Најдобрата храна со алкохол е пире од компири, бидејќи тоа ја забавува апсорпцијата на алкохолот во крвотокот, советува доктор Евгениј Брун.

Не мешајте пијалаци

Веројатно веќе сте слушнале дека не треба да мешате пијалaци. И искуството може да биде одличен учител. Ако сте измешале, на пример, пиво со жесток алкохол, сигурно наутро сте се разбудиле со страшна главоболка или мамурлак. Затоа, памет во глава. Држете се до еден пијалак и „не налевајте се со него“, журката трае неколку часа…

Методот половина-половина

Еден начините да го намалите опивањето е „методот половина-половина“, каде што наизменично ќе пиете безалкохолни и алкохолни пијалаци. Овој метод не значи целосно откажување од алкохолот, туку наместо тоа, мешање на алкохолни пијалаци со безалкохолни алтернативи или со вода. Исто така, според експертите, алкохолот никогаш не треба да се пие со газирани пијалаци, бидејќи јаглерод диоксидот што се наоѓа во нив ја зголемува апсорпцијата на алкохолот. Така, чашите вода помеѓу алкохолните пијалаци ќе ви помогнат да го одржите нивото на хидратација и да ја задоволите жедта.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот